Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Георгиевски: Ниту еден дуел со Нексе не е лесен
Георгиевски: Ниту еден дуел со Нексе не е лесен

Георгиевски: Ниту еден дуел со Нексе не е лесен

Во меч од регионалната лига, ракометарите на Вардар ќе гостуваат кај Нексе во Нашице, каде што утре ќе го одиграат првиот натпревар по репрезентативната пауза во рамките на СЕХА лигата. Крилото на црвено-црните, Гоце Георгиевски, даде видување за овој дуел:

Добро познат противник  не очекува, против кој сме играле многупати досега. Ни следува период после ЕХФ неделата и настап во репрезентациите и ни недостасуваат некои играчи. Веднаш патуваме, во среда играме. Немаме многу време. Го анализиравме тој натпревар што го игравме во февруари, со сигурност ќе биде тешко. Ниту еден дуел со Нексе не е лесен. Ќе одиме на победа, зошто сакаме подобро да бидеме пласирани на табелата. Нексе има нов тренер, малку сменија во играта, во одбрана и напад, но горе-долу тоа е истата екипа- Георгиевски.