Monday ,06 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кањељас: До Божиќ ќе научам малце, на крајот од сезоната ќе давам изјави на Македонски јазик
Кањељас: До Божиќ ќе научам малце, на крајот од сезоната ќе давам изјави на Македонски јазик

Кањељас: До Божиќ ќе научам малце, на крајот од сезоната ќе давам изјави на Македонски јазик

Број еден ѕвезда на преодниот рок во нашиот црвено-црн ракометен колектив несомнено е Шпанецот Жоан Кањељас, кој не засили ова лето и дојде од германскиот ракометен гигант Кил. Играчот кој има настапувано за Барселона, Сиудад Реал , Атлетико Мадрид, Хамбург и Кил, кој беше најдобар стрелец на ЕП 2014 година (50 гола), кој има титули во Бундес и Алобал лигата (двете најсилни европски ракометни лиги), кој е Светски првак со Шпанија на СП 2013 е навистина вистинско засилување за РК Вардар. Тој ги искажува своите впечатоци од новата средина , адапцијата во тимот :

Првот впечаток е многу добар. Овде сум веќе два дена. Во текот на вчерашниот ден бев во центарот на градот и мора да кажам дека последниот пат кога дојдов овде се беше поинаку. Сега скоро се е ново, атмосферата е многу убава и ме потсетува малку на Шпанија.Кога потпишав за Вардар, јас дојдов тука за да победам, но исто така да живеам и да го поминам моето слободно време со моето семејство во овој убав град. Мислам дека го направив правилниот избор и многу сум среќен за тоа. Вчера бев тука во клупските простории, и кога потпишав бев и во арената на натпревар и морам да кажам дека е одлично место за работа, се што нам ни е потребно е тука. Тимот, видео собата, канцелариите и се останато што ни е потребно е тука и мислам дека е многу лесно на играчите да играат тука. Во изминатите сезони екипата на Вардар заврши одлична работа, но се надевам дека во наредната сезона ќе можеме да се искачиме едно скалило погоре.

Во продолжение новото “златно момче“ во црвено-црниот тим ги соопштува својте очекување во натпреварувањата во кои како дел од Вардар ќе учествува во наредните три сезони колку што има договор со Вардар. Воедно зборува за познавањето на македонскиот јазик кој другите шпанци го владејат солидно и неговата желба да го научи истиот.

Нашата цел, а и моја цел е да влеземе во Ф4, и мојот сон е да ја освоиме Лигата на Шампионите. Покрај ова секако ја имаме и СЕХА Газпром лигата и Македонското Првенство. Ќе видиме како ќе оди и мора да одиме чекор по чекор, но во овој момент сум многу среќен. Запознав дел од моите соиграчи и морам да признаам дека се многу пријатни и денес е првиот ден па сеуште ги немам запознаено сите. Среќен сум што сум тука и се надевам дека следните 3 години ќе бидат добри и се надевам дека ќе останам и после нив. Се надевам дека ќе зборувам барем малку македонски пред Божиќ, но се надевам дека до крајот на сезоната ќе можам да направам нормално интервју без никаков проблем.Веќе почнав да учам некои зборови, но во овој момент ќе зборувам само англиски. Една од моите цели е исто така да научам и македонски. Мислам дека е многу важно кога си во нова земја да го збориш мајчиниот јазик на истата држава, па веќе зборував со Раул и Давид и ми кажаа дека нивниот професор бил многу добар и ќе бидам во контакт со него или неа зошто сеуште не знам дали е машко или женско и со нетрпение чекам да започнам за зборувам македонски.