Шпанија и го нанесе првиот пораз на Македонија, на Европското првенство во Хрватска. Избраниците на Гонзалес имаа лош старт на мечот, а повредата и напуштање на теренот на Лазаров, само ни ги намали шансите за позитивен реултат на овој дуел. Поранешниот играч на Вардар, Алекс Душебаев кој четири сезони беше дел од црвено-црните истакна дека овој триумф на својата репрезентација и дава голема шанса за пласман во полуфиналето.
-Ние го почнавме одлично натпреварот. Знаевме дека и Македонците многу ја посакуваа, победата но нам ни требаше повеќе, затоа што вие имавте повеќе бодови. Ова е голема победа, која ни дава сега шанси во двата натпревара кои останаа, со Словенија и со Германија, да победиме и да одиме во полуфинале.
Алекс посака Лазаров да се врати во игра, веќе на следниот натпревар на Македонија на ЕП.
Kире е светски играч. Одлично го браневме во првите 15-тина минути, а потоа ја доби таа повреда. Само посакувам да не е ништо сериозно, да е само овој натпревар и да продолжи да игра за Македонија.