Медија тимот на СЕХА-лигата направи избор на најдобрите одбрани во месец декември. Интересно дури двајца голмани на Вардар со своите одбрани се најдоа во изборот на ТОП-5 најдобри интервенции во последниот месец од изминатата година.
Одбраната на Милосављев против Железничар и на младиот Марко Кизиќ против Металург, се најдоа во изборот за најдобри одбрани во СЕХА-лигата, за месец декември. Во ТОП-5 се најдоа уште и Матеј Мандиќ ( Извиѓач), Игор Чуприна ( Татран Прешов), и Бојан Перовиќ ( Војводина).