Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Карапалевски најдобар стрелец, Арсеновски најдобар играч на “Трофеј Белград“
Карапалевски најдобар стрелец, Арсеновски најдобар играч на “Трофеј Белград“

Карапалевски најдобар стрелец, Арсеновски најдобар играч на “Трофеј Белград“

Во периодот од 28-30-ти-декември во главниот град на Србија се одржуваше силен меѓународен турнир, на кој учествуваа и ракометните екипи на Вардар, во категоријата кадети и младинци.

Кадетите на Рк Вардар го освоија четвртото место на турнирот, вкупно забележувајќи три победи и два порази. На крајот беа доделувани поединечни награди за најдобар играч, стрелец и голман. Признанието за најефикасен играч на “Трофеј Белград“ го понесе Мартин Карапалевски кој настапува за кадетите на Вардар. Инаку ова момче има одлична полусезона во црвено-црниот дрес, откако во домашното првенство е најдобар стрелец на својот тим и еден од најзаслужните за остварените добри резултати. Сигруно ова признание за него ќе значи дополнителен мотив и поттик за понатаму. Успешно ја заокружи оваа година со големо признание зад неговото име.

vardarfans-izjava-na-karapalevski-540x330

Младинците предводени од популарниот “Зенга“ играа во големото финале и беа поразени од тимот на Дубрава. Така Вардарци на крајот го освоија второто место. Во групата забележаа две победи и еден пораз. Наградата за најдобар играч на турнирот му припадна на играч од редовите на Вардар. Пикерот Филип Арсеновски сосема заслужено го доби ова признание, со оглед на одличните игри кои ги пружи изминативе три дена. Иако настапува за Рк Вардар 2 во првата ракометна лига, тренерот Петковски имаше можност да смета на неговите услуги за овој турнир. Ова перспективно и несомнено квалитетно момче минатата сезона имаше можност да дебитира за првиот тим во супер лигата. Раул Гонзалес го препозна неговиот потенцијал и му даде шанса да заигра во првиот тим. Во Рк Вардар 2 е стандарден играч на пикерската позиција заедно со Анастасовски, додека во одбраната е незаменлив дел од играта на црвено-црниот состав, кој е голем претедент за пласман во супер лигата од следната сезона.