Вардар заврши на четвртото место на завршниот турнир во Келн, додека нов владател на Европа е екипата на Монпелје. Двајца ракометари на црвено-црните се најдоа во изборот на ЕХФ, за најдобар гол и одбрана на завршниот турнир во Келн.
Една од “бомбите“ на Вуко Борозан, во дуелот со ПСЖ е прогласен за втор најубав гол на Ф4 турнирот, додека одбраната на Милиќ против ПСЖ е избрана за петта најдобра на завршниот турнир. Видеото со најдобрите голови можете да го погледнете на линкот, ТУКА, додека видеото со најдобрите одбрани можете да го погледнете на следниов линк, ТУКА.