Вардар има старт од соништата во Лигата на Шампионите, избраниците на Парондо имаат четири победи од исто толку одиграни натпревари и се единствени во својатга група со максимален број на освоени бодови.
Уште поголемо признание за Вардар е тоа што двајца играчи од црвено-црните се најдоа во најдобрите пет во најголемото ракометно натпреварување, за месец септември. Тоа се Вуко Борозан и Дејан Милосављев.Левиот бек на Вардар засега има постигнато 22 голови и е најдобар стрелец на Вардар, додека Милосављев е одличен на голот и на четири меча има вкупно 45 одбрани.
Во најдобрите пет играчи за изминатиов месец покрај двајцата вардарци, се наоѓаат уште и Алекс Душебаев, Дика Мем и Енди Шмид.