Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез го објави скратениот список од 20 ракометари, на кои ќе смета за претстојните квалификациски натпревари против селекциите на Турција и Грција, за пласман на Европското првенство во 2020 година. На истиот се најдоа и двајца играчи од Вардар. Се работи за капитенот на црвено-црните, Стојанче Стоилов и десното крило, Мартин Поповски. Од поширокиот список отпадна младиот,Марко Мишевски.
Македонија најпрво во Битола ќе ја пречека селекцијата на Турција, дуел закажан за 25-ти октомври, за три дена подоцна да гостуваме во Грција.