Вечерва со почеток од 19:00 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“, македонската машка ракометна репрезентација е домаќин на Луксембруг, на првиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година.
Селекторот Лазаров го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за вечерашниот натпревар, на кој Македонија не би требало да има поголеми проблеми околу остварување на победата.
Во составот ќе бидат и вардаровите ракометари, Филип Талески и Гоце Георгиевски, додека од комбинација отпадна голманот Томовски. Поради повреда натпреварот со Луксембург ќе го пропушти Дејан Манасков.