Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > ЈУНИОР ЛИГА: По една победа на Гостивар и Шампион во двомечот помеѓу овие екипи кај момците генер.2000/01 и 2002/03
ЈУНИОР ЛИГА: По една победа на Гостивар и Шампион во двомечот помеѓу овие екипи кај момците генер.2000/01 и 2002/03

ЈУНИОР ЛИГА: По една победа на Гостивар и Шампион во двомечот помеѓу овие екипи кај момците генер.2000/01 и 2002/03

Денес во две сали во Скопје се одигрува дел од 6.коло во ракометната Вардар Јуниор лига. Во малата сала во С.Ц “Јане Сандански“-Скопје се одиграа два дуела во машка конкуренција помеѓу ГРК Гостивар и РК Шампион Вардар во генерациите 2000/2001 и 2002/2003.

000

Во мечот кај момците родени 2000 и 2001 година победа однесе ГРК Гостивар во овој двомеч. Први на овој дуел поведоа момците од Скопје играчите на РК Шампион Вардар со 0-1. Гостивар влезе во елемент и поведе со 4-2 во 9 минута од дуелот. Со одлична игра тие успеаа да ја удвојат предноста и во 17 минута поведоа со 8-4 на овој дуел кај највозрасните учесници во лигата. На полувреме се отиде со предност на гостиварчани од 10-7.

00

Вториот дел со гол за намалување го почна Шампион кој намали на 10-8, сепак гостиварчани веднаш се вратија во ритам и поведоа 12-8 по само 4 минути игра на дуелот. Таа предност во игра гол за гол ја одржаваа постојано и во 10 минута влегоа  со предност 14-10. Со серија 1-3 екипата на Шампион намалува на 15-13 во 12 минута од дуелот. Со жестока игра во одбраната Шампион изедначува на 15-15 во 16 минута и го носи мечот во егал. Димитриевски Дарко одлично брани за Гостивар и со две интервенции успева да им овозможи да победат со 16-15 и да имаат напад на 90 секунди до крајот кој е круцијален. Пред истиот клупата на ГРК Гостивар побара минута одмор, тие погодија за 17-15 на 70 секудни до крајот тие се одбранија и со тој резултат однесоа победа.


Во мечот кај момците родени 2002/2003 победа однесе РК Шампион Вардар. Шампион
го отвори мечот со два гола за предност 2-0, потоа гостиварчани намалија на 2-1. Следуваше пеколна серија 6-0 со која Шампион поведе со високи “седум плус“ односно 8-1. Во финишот Гостивар малку се врати во мечот сепак скопјани на одмор заминаа со восока предност со резултат на семафорот во Јане Сандански од 12-3.

Шампион отвори со гол потоа прави голема серија 6-1 со која поведува со високи 18-4. Гостивар се обидува да се врати во мечот постигнува гол, ја подобрува играта во одбрана сепак тоа не е доволно. Шампион е далеку посинен и одесе победа со 28-7.  Кај победниците блеснаа Кочаров и Јорданов кои дадоа по 11 гола, а кај поразените Стојчевски беше прв стрелец со 4 гола.