Еден вардаров играч се најде на списокот на селекторот на Србија, за претстојниве бараж натпревари на српската репрезентација за пласман на Светското првенство.
Дарко Ѓукиќ ќе биде во составот на Србија за двомечот против репрезентацијата на Словенија. Првиот натпревар ќе се одигра на 13.април во Целје, додека реваншот во Србија е закажан за 16.април. Од поширокот список претходно отпадна Стефан Додиќ, кој исто така ги брани боите на Вардар.