Веќе се познати четвртфиналните двојки на светското ракометно првенство кое од 11-ти февруари па се до недела ќе се игра во Франција. Во најдобрите осум репрезентации нема да го гледаме шампионот од последното европско првенство во Полска, а тоа е селекцијата на Германија која изнеандувачки беше поразена од Катар. Исто така првенството ќе продолжи и без еден од најголемите фаворити за освојување на златниот медал, репрезентацијата на Данска која е елиминирана од Унгарија. Што се однесува до ракометарите на Вардар кои на овој мундијал беа дел од своите репрезентации во 1/4 се пласираа само тројца. Тоа се Душебаев, Кањелас и Лука Циндриќ. Токму тие ќе играат меѓусебно во утрешното четвртфинале, но сепак сигурно е дека Вардар ќе има претставнции во полуфиналето, кои ќе имаат можност да се борат за еден од медалите. Шпанија со тешки “маки“ го победи Бразил и се пласираше во 1/4, додека Хрватска ја оправда фаворитската улога и славеше во дуелот со Египет. Како што е познато дел од СП не се веќе Стоилов и Поповски со Македонија, Дибиров, Шишкарев и Деревен со Русија, како и Мораес Фереира со репрезентацијата на Бразил.
Четвртфиналните двојки на СП кои се играат утре се следниве:
Норвешка – Унгарија
Франција – Шведска
Словенија – Катар
Шпанија – Хрватска