Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Едно од најдобрите ракометни навивања во С.Ц. Јане Сандански
(ВИДЕО) Едно од најдобрите ракометни навивања во С.Ц. Јане Сандански

(ВИДЕО) Едно од најдобрите ракометни навивања во С.Ц. Јане Сандански

Можеби најдоброто ракометно навивање во спортскиот центар Јане Сандански беше натпреварот на Рк Вардар во 1/8 од лигата на шампионите против Висла Плоцк, пред две сезони. Сите се сеќаваме на овој возвратен дуел од 1/8 рунда кога требаше да анулираме минус шест гола, од првиот дуел одигран во Полска. Со поддршката од Комити и останатата публика во спортскиот центар Ј.Сандански успеавме да ја надокнадиме оваа негатива и на крај да забележиме убедлив триумф, изразен во единаесет гола позитива. Атмосферата беше на едно високо ниво во текот на целиот меч, а Комити покажаа дека се најдобрата ракометна публика во Европа.

Погледнете дел од бучната атмосфера на тој натпревар. Да се потсетиме на едно од најдобрите навивања на Комити во новата сала Ј. Сандански.