Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кристопан постигна 13 гола за прв пласман на ЕП со Летонија, Стоилов и Македонија петти пат по ред на континентален собир
Кристопан постигна  13 гола за прв пласман на ЕП со Летонија,  Стоилов и Македонија петти пат по ред на континентален собир

Кристопан постигна 13 гола за прв пласман на ЕП со Летонија, Стоилов и Македонија петти пат по ред на континентален собир

Вчера двајца вардарци со своите селекции обезбедија пласмaн на Европското ракометно првенство, кое  ќе се одржи од 10 до 26 јануари во Шведска, Австрија и Норвешка.  Капитенот Стоилов и летонскиот „џин„ Кристопас успеаа да обезбедат први пласман од вардарци.

Во Ескишехир црвено-жолтите дојдоа до минимален, но доволен триумф над Турција со 26:25 во претпоследното коло во квалификациите за ЕП 2020. Ние избивме на првото место во групата-3 со седум бода, еден повеќе од Исланд. Стоилов и дружината  “визираа“  петто последователно учество на завршните турнири од 2012 година, вкупно шестто од независноста на државата.

Додека пак Летонија испиша историја, тие првпат идат на ЕП во ракомет.  Ѕвездата на Вардар, Даинис Кристопанс беше лидер на летонската репрезентација во триумфот над Словенија. Со победата од 25:24 оваа балтичката земја прват иде на ваков собир, вардаровиот бек Криштопанс одигра лидерски, тој постигна дури 13 гола.