Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познати термините за дуелите на ЕП за момците на Гонзалес
Познати термините за дуелите на ЕП за момците на Гонзалес

Познати термините за дуелите на ЕП за момците на Гонзалес

Европската ракометна федерација ги објави термините на натпреварите кои ќе се играат во рамки на ЕП 2018 во Хрватска. Истото ќе се игра во Загреб, Сплит, Вараждин и Пореч.

Момците на Раул Гонзале, нашата А селекција ќе игра во групата во Загреб, а трите мечеви ќе ги игра во различен термин. Во рамки на првото коло нашите ракометари ќе се соочат со Словенија (13 јануари), а мечот ќе се игра од 19:30 часот, додека во второто кое е закажано на 15 јануари играме меч против Црна Гора и истиот е закажан од 20:30 часот. Завршниот дуел  од групната фаза против европскиот првак Германија ќе се игра на 17 јануари, од 18:10 часот.