Прославата за европската круна во Скопје најверојатно ќе биде збогатена со “нова епизода“. Неофицијално нашиот клуб се обидува да го донесе мечот Борец-Вардар во Скопје. Дуелот е закажан за на 7ми јуни, среда и требаше да се игра во салата во Велес. Сепак оваа прилика за спектакуларна вечер нетреба да се пропушти.
Тоа би било дуел по кој ќе се додели пехарот за шампионот на Македонија, и покрај тоа ќе се простиме од Душебаев пред полна сала. По утрешната прослава при пристигувањето доколку се договори (а е на добар пат ), мечот да се игра во Јане Сандански, велешани да бидат овде “домаќини“ в среда во 17-00 часот, тоа ќе биде епизода за паметење. Полна сала, четири пехари во рацете на вардарци и многу громогласно навивање. Се надеваме дека наскоро ќе стигне и официјална потврда на овој настан, па да биде уште еден незаборавен момент во оваа црвено-црна идилична сезона за нашиот Вардар.