Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар ќе го брани Купот во четврток и сабота е Ф-4 завршниот турнир
РК Вардар ќе го брани Купот во четврток и сабота е Ф-4 завршниот турнир

РК Вардар ќе го брани Купот во четврток и сабота е Ф-4 завршниот турнир

Годинашното издание на завршниот турнир Ф-4 во ракомет како оргиназатор ја има Федерацијата која одлучи да изврши измена на првично закажаните термини викендов за ф-4 завршницата . РК Вардар влегува како фаворит за одбрана на трофејот во купот и за освојување на љубилејниот 10-ти куп трофеј.

Така црвено-црните одбраната ќе ја започнат во четврток со полуфиналното соочување со тимот на РК Зомимак-Струмица . Овој меч ќе се одигра во С.Ц Кале во 19-30 часот 14 Мај (четврток) . Финалето е закажано во сабота во Спортскиот Центар Јане Сандански со победникот од дуелот РК Металург-РК Пролет кој ќе се одигра истотака во четврток со почеток во 17-00 во Кале. Финалето е закажано во 18-30часот .