Откако ја презема црвено-црната клупа тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо се соочува со перманентни проблеми со повреди. Такава ситуација има и пред натпреварот против Келце, повторно ќе има само два пикера во составот. Фереира Рожерио Мораеш вчера не отпатува и остана во Скопје.
Причината поради која не отпатува во Полска не е во коленото коешто му задаваше проблеми на последните неколку натпревари, тој има температура и не можеше да отпатува со колегите за Полска. Бразилецот имаше голема улога во победата над Веспрем и Р.Некар, сепак добро е што тука е Стојанче Стоилов кој се врати во екипата на минатата средба против будеслигашот. Утрешната средба која се игра в недела од 17-00 часот.