Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > ФИНАЛЕ! ПИОНЕРИТЕ ГО “ЗГАЗИЈА“ Тиквеш, МОМЦИТЕ НА БУДИМИР ОБЕЗБЕДИЈА МЕЧ ЗА “ЗЛАТО“
ФИНАЛЕ! ПИОНЕРИТЕ ГО “ЗГАЗИЈА“ Тиквеш, МОМЦИТЕ НА БУДИМИР ОБЕЗБЕДИЈА МЕЧ ЗА “ЗЛАТО“

ФИНАЛЕ! ПИОНЕРИТЕ ГО “ЗГАЗИЈА“ Тиквеш, МОМЦИТЕ НА БУДИМИР ОБЕЗБЕДИЈА МЕЧ ЗА “ЗЛАТО“

По крајот на регуларниот дел во  четирите групи од пионерска машка ракометна конкуренција   четирите најдобри екипи играа завршниот турнир, кој ќе го даде шампионот на Македонија во пионерска конкуренција. Истиот се игра денес  во нашата сала “Кале“ во Скопје.  Ние регуларниот дел го  завршивме со 100% ефект, момците на Адријана Будимир одиграа фантастична сезона забележувајќи 12 победи на исто толку мечеви сезонава. Дојде и денешното 1/2-финале на ред, во истото се сретнавме со екипата на ГРК Тиквеш од Кавадарци, и сосема очекувано победивме и си закажавме меч за “злато“. Момците на  триумфираа со резултат 19-9 (9-6).

2

Дуелот започна со по еден гол во двете мрежи за почетни 1-1 на семафорот во салата “Кале“. Ние со два последователни гола се одлепивме на 3-1, Тиквеш врати со иста мера и изедначи на 3-3. Се играше во продолжение игра гол за гол на средина од првиот дел на семафорот стоеше резултатска симетрија 5-5.  По овој момент па натака ние бевме тимот кој ја диригираше играта, момците на Будимир заиграа со нивното најсилно оружје одличната игра во одбраната. Тоа допринесе се до крајот на првиот дел да примат само еден погодок, тоа во напад го крунисавме со четири погодоци. На пауза заминавме со плус три, односно со предност 9-3 за нас.

3

Вториот дел започна со онака како и што очекувавме, на полувремето менторот на нашите пионери, Будимир стави акцент на задачите во одбраната бидејќи тоа носи победа секогаш кога ќе се одработи на ниво. Момците тоа и го покажаа, тие ги исполнија нејзините задачи па влеговме со пеколна серија во вториот дел 6-0, со која отидовме на 15-6 и најавивме дека финалето го заслужуваме целосно. Нашиот тренер потоа направи серија измени со цел да ја зачува свежината за финалниот натпревар кој не очекува попладне во 18-00 часот.  Умно и тактички го привршивме мечот на крајот триумфиравме и со двоцифрена тазлика, победивме со резултат 19-9.

Сите момци вградија дел од себе во оваа победа, од голманите преку офанзивата и одличната дефанзива која не краси, па се до одличното водење од клупата. Головите беа дело на следните играчи: Грујовски имаше 4, Чакалиќ, Савревски и Калајџиски по 3, Србиновски и Димчевски по 2, и по еден гол имаа Мишевски и Жерновски. 

4

Финалето се игра во 18-00 часот. противникот ќе биде познаат по одигрување на другото полуфинале во салата “Кале“, РК Аеродром- КЛ7 Струга (12-00 часот).