Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ФИНАЛЕ ! Вардар по тешка борба го победи Загреб и закажа финале со екипата на Веспрем
ФИНАЛЕ ! Вардар по тешка борба го победи Загреб и закажа финале со екипата на Веспрем

ФИНАЛЕ ! Вардар по тешка борба го победи Загреб и закажа финале со екипата на Веспрем

Во една тешка и неизвесна борба во второто полуфинале на сеха-лигата, Вардар беше поуспешен од екипата на Загреб и на тој начин си обезбеди пласман во големото финале на ова натпреварување. Имавме можнст да гледаме еден квалитетен меч, на кој во првото полувреме имавме постојана предност. Загреб во вториот дел го презема водството но не за долго. Црвено-црните покажаа поголем квалитет и повеќе сили до крајот на мечот и заслужено го добија овој дуел.

Натпреварот започна со гол на Мандалиниќ во првиот напад за водство на Загреб, по што Хрватите цели 13 минути не успеаа да го пронајдат патот кон голот на Штербик. За овој период нашиот ракометен шампион успеаа да направи серија од 4:1 и резултатски да се одлепи од противникот. Се водеше голема борба на теренот, одбраните на двата тима беа во главна улога, од тука и малиот број на постигнати голови. Веселин Вујовиќ рано се решава да повика тајм-аут, што резултира со прекинување на серијата на Вардар и постигнување на вториот погодок на овој меч дури во 15 минута. Како одминуваше натпреварот Загреб успева да донесе резултатска рамнотежа не дозволувајќи му на Вардар да “побегне“ на поголема разлика. Контрец погодува за намалување на резултатот од 5:4. Позитивна вест е враќањето на Сергеј Горбок во нашиот состав, што доприносе повеќе одмор за Циндриќ и Карачиќ. Нелолку чудни судиски одлуки на штета на двата тима малку го пореметија темпото на игра во текот на првото полувреме. До крајот на првиот дел резултатот се движеше цело време со наша предност од 1-2 погодоци, за на полувреме да заминеме со водство од 12:10. Карачиќ имаше 3 гола од исто толку удари кон голот на Филип Ивиќ, додека по 2 во овој дел од мечот постигнаа Душебаев, Манасков и Горбок.

Второто полувреме започнува лошо за Вардар кој ја губи предноста која ја имаше во текот на целото прво полувреме. Загреб со три голови во серија, од кои еден на поранешниот играч на Вардар, Добривоје Марковиќ успева да поведе со 12:13, што беше за нив второ водство до тие моменти. Со две одбрани на Штербик во еден напад на противникот успеваме да се вратиме во игра и да го израмниме резултатот на 16:16. Со петтиот гол на Дејан Манасков ја враќаме предноста од 17:16. Следиме период кога гледаме мал рој на голови на двете страни, сепак црвено-црните успеваат да ја задржат минималната предност, иако Дибиров пропушти прилика да зголемиме на два гола позитива. Сепак тоа ни успева во 53 минута кога Македа со својот прв погодок на  мечот поведуваме со 21:19. Прв погодок и за Дибиров на овој дуел, додека неговиот сонародник од Руската репрезентација Шишкарев успева да пресече контра-напад на Загреб и да зголеми на 23:20. Во последните четири минути успеваме да ја задржиме оваа предност и да славиме со резултат 26:24. Иако драма се случуваше во последната минута, откако ни беше поништен гол и останавме со четири играчи на теренот. Сепак Душебаев стави точка на овој натпревар и го однесе својот тим во финалето. На тој начин во недела во големото финале ќе се сретнеме со екипата на Веспрем.

Најфикасен во нашите редови беше Манасков со 6 гола, додека Душебаев постигна 5.