Вардар продолжува да ги “гази“ своите противници, овој пат настрада втор пат сезонава и екипата на ППД Загреб. На натпревар од СЕХА-лигата, црвено-црните имаа уште едно убедливо издание и покажа дека и оваа сезона се главни предетенди за одбрана на трофејот. Во дуелот одигран во С.Ц “Јане Сандански“ триумфиравме со резултат 30-23 (17-10) против ППД Загреб.