Дерби натпреварот во првата ракометна лига, му припадна на екипата на ХЈС Работник. Младите Вардарци одлично го започнаа овој натпревар, на кој имаа водство од 3:0. Како одминуваше натпреварот, гостинот од Битола најпрво го израмни резултатот, за потоа да има и постојано водство до крајот на дуелот. На полувреме се замина со предност на Работник (10:14). Во вториот дел имаа и највисоки 8 голови предност. Конечниот резултат гласеше 22:28. Погледнете ја фотогалеријата од овој натпревар.
