Репрезентативниот голман на Кувајт, Али Сафaр следната сезона ќе биде дел од тимот на Вардар 1961. По официјалната објава дека Сафaр ќе биде нов играч на ,,црвено – црните” , следуваа многубројни честитки, посебно од Кувајт.
Сафaр изгледа важи за многу почитуван спортист во својата земја, па затоа доби многубројни честитки за ангажманот во нашиот тим. Сигурно сега и Вардар ќе добие нови навивачи – оние од Кувајт.
Објавата на РК Вардар 1961 на „Инстаграм“ погледнете ја ОВДЕ.