Сеуште актуелниот Европски шампион, тимот на Вардар ги започна подготовките за новата сезона и во Спортски центар „Јане Сандански“ .
Утринава играчите на Стевче Алушовски, пред се ониe новите, имаа можност да се запознаат со условите и салата коja ќе бидe нивниот нов дом во иднина каде ќе треба да се случуваат големи нешта.
Марко Вујин бил во „Јане Сандански“ па знае како изгледа нашиот објект, па ова беше прво соочување со новата база за Кантегрел и Валчак, кои досега немаа можност да играат против Вардар во оваа сала.
Вардар се засили со Јагуриновски, Кантегрел, Талески, Георгиевски, Вујин, Векиќ, Валчак, Јотиќ и Гаџа. Договорите со клубот ги продолжија Мишевски, Дибиров, Стоилов, Чупиќ, Калараш, Дисингер, Кизиќ и Ристовски.