Капитенот на Вардар Стојанче Стоилов, денеска ги израдува децата од социјално ранливи и маргинализирани категории и се дружеше со нив во Зоолошката градина во Скопје. Освен што е шампион, Столе покажа уште еднаш дека има големо срце!
Европскиот шампион Стоилов е секогаш тука за децата и животните. Со заедничка изложба на ликовни дела на деца од социјално ранливи и маргинализирани категории, здружението СУПОРТИВА го заокружи проектот кој во текот на мај го реализираше во скопската зоолошка градина. Во посета и дружба со дечињата, дојде и Столе , велат од Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје.