Вардар го одржа првиот тренинг во салата „Викторија“ каде утре ќе го одиграме полуфиналниот натпревар од СЕХА-лигата против екипата на Брест Мешков. Тренерот Парондо со исклучок на Борозан кој остана во Скопје, може да смета на сите играчи за претстојниов Ф4 турнир. Во првото полуфинале ќе се сретнат екипите на Нексе и ППД Загреб, натпревар кој ќе започне од 16:30 часот. Во вечерниот термин од 19:00 часот силите ќе ги одмерат екипите на Вардар и домаќинот на турнирот, тимот на Брест Мешков.
Пгледнете неколку фотографии од вечерашниот тренинг во Брест.