Вардар одигра со нерешен резултат во последното коло од групната фаза, но остана на првото место на табелата. Бодовите и беа потребни повеќе на Висла, која се бореше за шесттото место на табелата, но не успеаа во целост да ги освојат. Иако Вардар имаше предност од три гола на десет минути пред крајот, сепак гостинската екипа од Полска успеа да освои еден бод, на натпревар кој заврши со конечен резултат од 31:31.
Погледнете ја фотогалеријата од овој натпревар.