Денес македонската ракометна репрезентација во подготовките за Светското првенство во Германија овој месец ќе го одигра својот прв тест-натпревар. Вечер со почеток во 20-00 часот црвено-жолтите во Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје ја пречекуваат селекцијата на нашиот северен сосед, Србија.
Во двете селекции има три ракометари на црвено-црниот клуб, Столе Стоилов, Мартин Поповски и во противничкиот табор, голманот Дејан Милосављев. Покрај тоа во стручниот штаб на нашата селекција дел се и тренерот Пародно Гарсија и Царчев Александар кој е задолжен за македонските голмани. Влезот на оваа средба е слободен за љубителите на ракометната игра, ова е единствена шанса да се поддржат нашите момци пред СП. Утре двете селекции ќе одиграат уште еден дуел, но истиот ќе биде затворен за јавноста.