Во среда, Вардар ќе го одигра последниот натпревар година, што се однесува до настапите во Лигата на Шампионите. Во рамките на 10.коло, црвено-црните ќе гостуваат кај екипата на ППД Загреб. Вардарци се надеваат дека ќе ја прекинат серијата на порази, која трае шест последоавтелни натпревари и дека победнички ќе ја завршат годината. После еден пропуштен натпревар, во составот се враќа средниот бек, Анте Гаџа, кој го најави натпреварот со Загреб.
„Ова е последниот меч за Вардар во Лигата на шампионите оваа година. Затоа сите посакуваме одличен дуел и во Скопје да се вратиме со добро расположение. Загреб ја подигна својата форма, во последниот период собра многу бодови и затоа треба да бидеме доста сконцентрирани на овој меч. Знаеме дека нивната одбрана е доста цврста и знае да направи проблеми секому, но наше е да одиграме како што најдобро знаеме.
Натпреварот во среда ќе стартува во вечерниот термин од 20:45 часот.