Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гаџа: Вардар е Европски Шампион и тоа за мене е голем предизвик
Гаџа: Вардар е Европски Шампион и тоа за мене е голем предизвик

Гаџа: Вардар е Европски Шампион и тоа за мене е голем предизвик

Вардар има предност од еден гол пред реваншот, кој ќе се одигра утре во С.Ц. Јане Сандански, против екипата на Нексе. Црвено-црните се многу блиску до нов пласман на завршниот турнир во СЕХА-лигата кој од почетокот на месец септември ќе се одигра во градот Задар. За официјалниот сајт на СЕХА, зборуваше новото засилување за вардарци, Анте Гаџа кој ги искажа очекувањата за мечот со Нексе, тоа е неговиот поранешене тим.

„Предноста од првиот меч не е голема, ама ние сме домаќини. Нексе немаше многу промени во тимот и тоа е нивна предност. Сакаме да дојдеме до Ф4-турнирот и да се бориме за трофејот. Кандидати има повеќе, па тешко е да се предвиди кој ќе биде првак, но најважно е да се најдеме во Задар“

Трансферот во Вардар е голем чекор во кариерата за Гаџа, кој се надева дека ќе биде се подобар како ќе одминува сезоната.

„Вардар е европски шампион и тоа е голем предизвик за мене. Менувањето на државата исто така е предизвик, бидејќи ракометот е популарен во Македонија и луѓето ја разбираат играта. Салите секогаш се полни и едвај чекам да играм пред публика. Вардар е чекор напред во мојата кариера. Игравме со македонски клубови во минатото, затоа Хрватите знаат што ги чека кога доаѓаат тука. Клубовите растат, навивачите се одлични. Затоа толку играчи од мојата земја дојдоа тука. Плејмејкерската улога е секаде иста, свесен сум дека играчи од светска класа играа на мојата позиција во минатото и нема да биде лесно да ги наследам нив. Соиграчите ми помагаат, верувам дека ќе бидам подобар“

Дуелот со Нексе е закажан да стартува во терминот од 20:15 часот, истиот ќе се одигра без присуство на публика.