Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Гедбан со втора најдобра одбрана, Дибиров со петти најдобар гол, на колото во ЛШ
(ВИДЕО) Гедбан со втора најдобра одбрана, Дибиров со петти најдобар гол, на колото во ЛШ

(ВИДЕО) Гедбан со втора најдобра одбрана, Дибиров со петти најдобар гол, на колото во ЛШ

Вардар со победа се врати од гостувањето кај екипата на Кристијанштад, во рамките на 13.коло од групата А. И после ова коло остануваме на третото место на табелата и во последното коло ќе се одлучува конечниот пласман на табелата. Во триумфот против шампионот на Шведска одличен беше голманот на Вардар, Калифа Гедбан кој собра вкупно осум одбрани, од кои една се најде во ТОП-5 најдобри интервенции, односно е втора најдобра на колото во ЛШ. Видеото со најдобрите одбрани на колото, погледнете го на следниов, ЛИНК.

Место во изборот на ЕХФ имаше за уште еден вардаров играч, се работи за левото крило, Тимур Дибиров кој се најде во ТОП-5 најдобри голови. Видеото со најдобрите пет погодоци можете да го погледнете на линкот, ТУКА.