Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гедбан во четврток се приклучува на Вардар, на тренинзите се вратија Кизиќ и Кугис
Гедбан во четврток се приклучува на Вардар, на тренинзите се вратија Кизиќ и Кугис

Гедбан во четврток се приклучува на Вардар, на тренинзите се вратија Кизиќ и Кугис

Европскиот ракометен Шампион под водство на Стевче Алушовски се подготвува а превиот предизвик оваа година, гостувањето кај екипата на Кил на меч од Лигата на Шампионите.

На контролниот дуел со Еурофарм Пелистер, имавме проблеми со голманите , со оглед дека не можевме да сметаме на тројца чувари на мрежата, па Гогов и Анѓеловски од Вардар Јуниор беа задолжени за голот на тој натпревар.

Калифа Гедбан кој со селекцијата на Алжир го освои третото место на Африканскиот Шампионат, на вардарци ќе се приклучи во четврток, по што полека ќе се комплетира тимот. Добра вест е што на тренинзите се вратија и Марко Кизиќ кој отсуствуваше извесен период поради болет и Артурс Кугис кој не тренираше поради повреда.