Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Лудвигсхафен го потврди заминувањето на Томовски, Вардар е негова следна дестинација
Лудвигсхафен го потврди заминувањето на Томовски, Вардар е негова следна дестинација

Лудвигсхафен го потврди заминувањето на Томовски, Вардар е негова следна дестинација

Од следната натпреварувачка сезона, поранешниот Европски Шампион ќе биде посилен за Мартин Томовски, репрезентативен голман на нашата земја кој од лето доаѓа во Вардар. Тоа и самите го признаа од неговиот моментален клуб, Лудвигсхафен, со кој се реши да не ја продолжи соработката. Секако Вардар е предизвик за сите, па така и Томовски се реши да се врати во родната земја, откако претходно го бранеше и голот на Металург.

Директорот на германскиот бундеслигаш,  Лиса Хеслер, за медиумите во Германија изјавил дека во Томовски има голем потенцијал и дека разбирливо е да продолжи во клуб како што е Вардар.

„Мартин пристигна во нашиот клуб премногу млад, но тој уште е млад и има потенцијал да напредува уште повеќе. Доколку ја прифати понудата на интернационално успешниот и врвен клуб од неговата земја, тогаш тоа сосема го разбираме и ги почитуваме неговите амбиции“,