Наближува првиот меч од 1/8-финалето во ЕХФ ЛШ помеѓу домаќинот, ППД Загреб и нашиот РК Вардар. Оваа средба ќе се одигра на 23 март (20:30 часот). За дуелот во Арената во Загреб познати се делитетелите на правдата.
На балканското дерби арбитри ќе бидат судии од Германија, станува збор за Ларс Гајпел и Маркус Хелбиг. Тие и претходно имаат судено мечеви црвено-црните. Делегатот на мечот е Петер Олсон (Шведска). Реванш средбата е закажана за 30 март од 19:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.