Црвено-црните ја продолжија победничката серија во новата натпреварувачка сезона. После неколкуте сврзани триумфи во сеха-лигата, Вардарци стигнаа до првата победа во најголемото ракометно натпреварување и тоа на гостувањето против екипата на Кристијанштад. Шпанскиот репрезентативец во дресот на Вардар продолжува со добрите игри и уште еднаш го потврди својот квалитет кој го поседува. Алекс беше најефикасен играч во триумфот против шампионот на Шведска постигнувајќи 7 погодоци, по што заслужено беше избран во идеалниот тим на колото.
Да му помогнеме со своите гласови да биде избран за најдобар играч во првото коло од ЛШ. Гласајте за Алекс Душебав.