Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Уште два дена за гласање, Дибиров и Борозан во изборот за најдобар тим на светот за 2018 година
Уште два дена за гласање, Дибиров и Борозан во изборот за најдобар тим на светот за 2018 година

Уште два дена за гласање, Дибиров и Борозан во изборот за најдобар тим на светот за 2018 година

Традиционално, веќе осма последователна година реномираниот ракометен портал Handball-Planet прави избор на најдобриот тим на светот за 2018 година. Во овој избор се најдоа и двајца играчи од редовите на Вардар.

Во изборот за најдобро лево крило се најде Тимур Дибиров, а негови конкуренти се Сигурдсон (Рајн-Некар), Генсхајмер ( ПСЖ) и Штрлек ( Веспрем). Играчот на Вардар, Вуко Борозан се најде меѓу четворицата најдобри леви бекови во светот, заедно со Лауге ( Фленсбург), Сагосен и Хансен и двајцата од ПСЖ. За Дибиров и Борозан можете да гласате на следниве два линка. Лево крило и лев бек.

Гласањето ќе трае се до 9-ти декември кога ќе бидат објавени и резултатите. Титулата за најдобар од минатата година ја брани Арпад Штербик кој го бранеше голот на Вардар. Хансен беше најдобар во 2016, додека Никола Карабатиќ истово признание го добиваше во 2015 и 2014 година.