Викендов продолжуваат возбудувањата во Првата ракометна лига која е втора по квалитет ракометна конкуренција во земјава. Тимот на Вардар 2 предводен од одличниот ракометен педагог Стојан Петрушевски ќе биде домаќин на скопскиот ривал тимот на Македонија Ѓорче Петров. Мечот е закажан за во недела ,8 мај, тоа е дуелот во рамките од 18.коло од Првата лига.
Последниот дуел за Вардар-2 пред велигденските празници се одигра во спортскиот рекреативниот центар Кале со тимот на Метрополис, црвено-црните на тој меч се вратија на победите во лигата, после поразот во дербито со екипата на ХЈС Работник. Метрополис беше рамноправен противник само едно полувреме, во вторите 30 минути Вардарци ја покажаа својата сила и квалитет и забележаа убедлив триумф. Младите вардарци водат пред саботниот противник со 20 бода , овој дуел според натпреварувачкиот календар е закажан со почеток во 13 часот и 30 минути, истиот ќе се одигра во Спортско рекреативниот целтар „Кале”. По досегашните 17.кола црвено-црните се на втората позиција со 42 бода која носи бараж со предпоследниот тим од Супер лигата, пред нас е битолски ХЈС Работник со 48 бода.