Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Голема победа за пионерите на РК Вардар, противникот од Франција налета на разиграните Вардарци и загуби со голема разлика
Голема победа за пионерите на РК Вардар, противникот од Франција налета на разиграните Вардарци и загуби со голема разлика

Голема победа за пионерите на РК Вардар, противникот од Франција налета на разиграните Вардарци и загуби со голема разлика

Пионерите на ракометниот клуб Вардар стигнаа до голема победа на турнирот “Локомотива куп 2016“ кој од вчера започна во градот Брчко во Босна и Херцеговина. По вчерашната победа и нерешен резултат, денес избраниците на Андријана Будимир славеа во дуелот со екипата на Марк Хандбал од Франција.

Само еднаш и тоа во третата минута противникот успеа да го израмни резултатот на 1:1, по што следеше серијха на Вардарци од пет последователни голови, за веќе на почетокот да се одлепиме на водство 1:6. Голманот на Вардар беше одличен на голот и во овој период успеа да скроти удар од седум метри. Токму од оваа позиција, противникот успева да ги постигне следните два гола и тоа во 10 и 11 минута од мечот и да намали на 3:6. Вардарци не дозволуваа екипата од Франција да се доближи до нашиот резултат и со голот Велимир Грујовски зголемуваат на 3:7. Постигнуваме уште два нови голови за во 13 минута да имаме предност од 3:9. Следи одчичен гол на Димитријевски за водство на Вардар од 4:10. Противникот изгледаше загубено на теренот, без можност да му парира на разиграниот состав на Вардар, кој до крајот на првиот дел зголеми на 5:12, резултат со кој се замина на полувреме.

Второто полувреме започна со гол на Марк Хандбал, но Вардар врати со два последователни голови и зголеми на 6:14. Како течеше натпреварот црвено-црните ја зголемуваа константно предноста, која во 21 минута беше двоцифрена, резултатот на семафарот гласеше 11:21, со голот на Давид Мирчевски. До крајот симултанка на Вардар, за убедлива победа од 13:27. Сите кои добија шанса од тренерот Будимир покажаа максимална борба и пожртвуваност за секоја топка на теренот. Одлични беа и голманите на Вардар, Андреј Аспровски и Ненад Ангеловски кои имаа голем број на успешни интервенции.

Во 17 часот го играме решавачкиот натпревар за пласман во полуфиналето, противник ни е силната екипа на ППД Загреб.