Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес и Стоилов: Да го продолжиме победничкиот ритам и против Брест Мешков
Гонзалес и Стоилов: Да го продолжиме победничкиот ритам и против Брест Мешков

Гонзалес и Стоилов: Да го продолжиме победничкиот ритам и против Брест Мешков

Нема одмор за ракометарите на Вардар, кои веќе во петок играат нов натпревар во рамките на СЕХА-лигата. Во петок во С.Ц. Јане Сандански гостува екипата на Брест Мешков од Белорусија. По повод тој натпревар од клубот денес одржаа прес-конференција на која ги споделија очекувањата за мечот против Брест. На истата тренерот Гонзалес го изјави следново:

-Среќен сум и задоволен како ја почнавме сезоната во СЕХА-лигата. Секогаш е тешко на почетокот. Во петок играме против Брест Мешков и јас стравувам малку, бидејќи Брест знае често да ја менува одбраната, од 6-0 во 5-1, а ние оваа сезона ниту еднаш не нападнавме на 5-1. Ќе го тренираме и тоа до натпреварот со нив. Играме на домапен терен и секако дека сакаме да победиме, зашто целта ни е пласман на завршниот турнир. Досега имавме два добри натпревари, две победи, сакаме да победиме повторно.

Капитенот Стоилов вели дека Вардар може многу подобро да одигра од првите два натпревари и дека ќе го продолжи победничкиот ритам и против Брест.

-Првите два меча во СЕХА ги добивме со многу голови разлика, но јас мислам дека можеме и повеќе од тоа. Тоа е само еден дел од Вардар, потенцијалот на клубот е многу поголем. Сега не очекува натпревар против Мешков Брест, екипа која добро ја знаеме, но која направи неколку промени во составот. Се надеваме дека ќе продолжиме во ист ритам и само ќе се подобруваме.