Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Никогаш не се предадовме и верувавме во себе
Гонзалес: Никогаш не се предадовме и верувавме во себе

Гонзалес: Никогаш не се предадовме и верувавме во себе

Вардар успеа да освои голем бод на гостувањето во Манхајм, играјќи со нерешен резултат (21:21) против екипата на Рајн-Некар. Во еден интересен натпревар со мал број на голови и многу резултатски пресврт на крајот двете екипи ги поделија бодовите. Со овој бод бодовната разлика помеѓу Вардар и Рајн-Некар остана четири бодови, исто толку им бегаме и на Барселона, додека на второто место изненадувачки е Нант, од кого имаме три бодови повеќе. Гонзалес истакна дека неговиот тим никогаш не се предавал и верувал во успех до крајот на мечот.

-Знаевме дека да се игра со Рајн Некар Левен е најтешката работа што може да ви се случи. Задоволни сме со бодот, никогаш не се предававме и верувавме во себе. Останавме непоразени, задоволни сме, важно е што сме први во групата.