Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Сакаме да ја подобриме играта и да бидеме подготвени за мечот со Монпелје
Гонзалес: Сакаме да ја подобриме играта и да бидеме подготвени за мечот со Монпелје

Гонзалес: Сакаме да ја подобриме играта и да бидеме подготвени за мечот со Монпелје

Денес беше оддржана прес конференција, по повод новиот натпревар во сеха лигата, против екипата на Нексе од Хрватска. Со овој противник, кој ни е добро познат од претходните сезони, имавме можност  да играме на “Вардар турнирот“. Тогаш го надигравме противникот и забелажавме убедлива победа. Минататга сезона во ова натпреварување, исто така забележавме два триумфи против Хрватскиот претставник. На овој дуел, како што известуваат од клубот ќе недостасува капитенот Лазаров, Деревен и подолго отсутниот Ангелов. Првите двајца имаат полесни повреди, па стручниот штаб не сака да ризикува со нивно играње. На денешниот прес, зборуваа тренерот Гонзалес и Лацковиќ.

-Имаме проблеми со повреди на Лазаров и на Деревен. Александар Деревен има проблем со скочниот зглоб, а Лазаров со коленото, и нема да играат со сигурност. Игравме пред неколку недели со Нексе, и имавме проблеми во вториот дел. Нексе игра се подобро. Сакаме да ја подобриме играта, и имаме уште малку време до натпреварот со Монпелје, и треба да бидеме подготвени за тој меч. Сакам да им дадеме шанса на сите играчи. Нексе игра добро 6-0 и 5-1 одбрана, играат силно во одбрана и брзи се во играта, рече Гонзалес на пресот.

Мечот со Нексе ќе биде последна проверка за формата и воиграноста на тимот, пред првиот меч во ЛШ и гостувањето на Монпелје.

-Тоа е екипа која со Загреб имаше шанса да победи, но загуби на крај. Покажаа добар квалитет, подобро од она што го покажаа во Скопје. Ќе треба сериозно да се сфати тој натпревар. Прво, бидејќи имаме проблеми со повредите, а второ да се продолжи победничкиот менталитет. Ни доаѓа потоа Монпелје, па треба сите играчи да ја почувствуваат таа победничка атмосфера. Утре ќе се обидеме да ја пробаме и таа 6-0 одбрана, и да играме подобро, изјави Лацковиќ.