Раул Гонзалес е тренерот кој на Вардар му ја донесе првата европска титула во историјата на клубот. Шпанскиот стратег ги надмудри своите противници на двата завршни натпревари во Келн и на крајот заслужено се радуваше на трофејот. Ова е сигурно најдобра сезона, во тренерската кариера на Раул Гонзалес и на времето кога му беше помошник на Талант Душебаев. Со четири трофеи ја круниса квалитетната работа и најави уште подобри времиња за Вардар. Денес на плоштадот, беа пречекани од неколку илјади навивачи, кои заедно ја споделија големата радост.
-Сакам да се заблагодарам на сите, кои цела сезона ни дававте подрршка , треба сите да бидеме горди на овој успех. Да се заблагодарам на сите мои играчи кои играа со срце, мозок желба, кои секој ден тренираа за да стигнат на врвот. Благодарност и до претседателот на клубот, Сергеј Самсоненко, без него ние немаше да успееме и да бидеме тука. Уште еднаш да ги пофалам моите играчи, кои се најдобри во европа и така треба да се однесуваме. Ветувам дека и следната сезона ќе се потрудиме да бидеме на врвот.