Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Започнуваме нова сезона – Лазаров: Се надевам дека уште долго време ќе имаме добри резултати.
Гонзалес: Започнуваме нова сезона – Лазаров: Се надевам дека уште долго време ќе имаме добри резултати.

Гонзалес: Започнуваме нова сезона – Лазаров: Се надевам дека уште долго време ќе имаме добри резултати.

Денес Вардарци одржаа прес конференција по повод почетокот на новата сезона во сеха лигата. Првиот официјален натпревар за црвено-црните започнува утре во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 20:15 часот. Противник е екипата на Војводина од Србија. Неизвесни за утрешниот меч се Петар Ангелов и Матјаж Брумен, кои имаат мали проблеми со повреди. На денешниот прес за првиот дуел во сеха и очекувањата во новата сезона, зборуваа тренерот Раул Гонзалес и капитенот Филип Лазаров.

-Почнуваме нова сезона. Јас сум задоволен со подготовките што ги имавме. Работевме многу добро во претходниот период и одигравме контролни натпревари каде победувавме. На сите натпревари игравме добро, и се надевам дека оваа сезона ќе биде подобра од лани. Имаме проблеми со повредите на Ангелов, а Брумен имаше зголемена температура. Ќе видиме како ќе биде утре и кои ќе биде во составот.
Против Војводина ќе мораме да играме добро во напад, зашто тие имаат добри центри и се брзи во контра. Добро е што ќе имаме силни натпревари пред дуелот со Монпелје, и сакаме да одиме чекор по чекор, изјави Гонзалес на прес конференцијата.

Капитенот најавува претпазливост за дуелот со Војводина и верува дека уште долго тимот ќе бележи добри резултати.

-Ова е официјален старт на новата сезона против Војводина. Нормално е на сите натпревари на домашен терен да одиме на победа, па така ќе биде и утре. Ја гледавме Војводина на првиот меч со Струмица. Сите екипи се желни за докажување, особено на самиот почеток од сезоната. Треба да бидеме претпазливи, и во ритам во кој игравме досега. Се надевам дека уште долго време ќе имаме добри резултати, изјави Лазаров.

Фото: Рк Вардар мк.