Вечерва екипата на РК Вардар издвојува голема победа на гостувањето во Унгарија против екипата на Пик Сегед. Во еден неизвесен и квалитетет натпревар со неколку резултатски пресврти на крајот црвено-црните се радуваа на победата. Овој триумф е многу важен за нашиот состав, кој и по ова единаесетто коло ќе остане лидер на табелата во најсилната група Б. По завршување на мечот, на прес-конференцијата се обрати тренерот Гонзалес кој го изјави следново.
-Сакам да им честитам на ПИК Сегед и нивниот тренер кој одлично ја заврши својата работа тука. Ние добро игравме во првите 15 минути од натпреварот бидејќи бевме добро подготвени за одбраната 5-1. Правевме и грешки дозволувајќи му на противникот постојано да се враќа во игра, тоа мора да го поправиме. Мислам дека бевме подобри во првото полувреме. Тие одиграа добро од почетокот на второто полувреме, но ние го имавме расположениот Арпад Штербик, потоа ја сменивме и одбраната. Многу проблеми ни правеше Скубе. На крајот одигравме добро во решавачките минути. Ова е важно за нас и многу сме среќни, зашто е тешко да се игра тука.
Арпад Штербик беше нашиот херој во големата победа. Тој натпреварот го заврши со 15 одбрани.
-Секој меч меѓу нас и ПИК Сегед е неизвесен. Резултатот тоа го покажува,и постојано се менуваше од една на друга страна. Сега можеби ние имавме повеќе спортска среќа, па лесно можеше и ПИК Сегед да постигна гол во клучните минути. Но, ние сме среќни за овој триумф што многу ни значи, истакна Штербик.