Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > ГРК Борец гостин на Вардар Јуниор во сабота
ГРК Борец гостин на Вардар Јуниор во сабота

ГРК Борец гостин на Вардар Јуниор во сабота

Викендов на програмата во машката Супер лига е шестото лигашко коло. Во истото екипата на младиот вардаров колектив РК Вардар Јуниор е домаќин на суперлигашот од Велес. Во сабота ни гостува екипата на ГРК Борец во меч кој ќе се одигра во спортско рекреативниот центар “Кале“.

По првите пет кола ние со една победа сме предпоследни во суперлигашката конкуренција пред екипатата на Работнички. Тимот на Борец е прилика да се постигне втората победа, тие досега имаат само еден бод повеќе од нас освоено во Супер лигата. Во текот на подготовките  во  “Кале“  младите вардарци од екипата на РК Вардар јуниор  одиграа  контролен натпревар пред почетокот на  новата сезона 2016/2017 со истиот противник.  Во истиот  Јуниор   одигра нерешено со ГРК Борец од Велес 27-27. Најефикасни тогаш во нашиот состав на овој тест-дуел беа Бујачиќ и Димов  со постигнати шест погодоци. Во следното седмо коло гостуваме кај екипата на РК Металург-2 во Автокоманда.