Селекторот на шпанската ракометна репрезентација, Жорди Рибера, го објави списокот на играчи, на кои ќе смета за претстојните олимписки игри во Токио.
Новото засилување за Вардар, Едуардо Гурбиндо, се најде на конечниот список на шпанскиот селекторот. На тој начин, Гурбиндо ќе пропушти дел од подготовките со Вардар и на клубот ќе се приклучи подоцна од предвиденото.
Својот прв собир, вардарци ќе го имаат на 15.јули.