Прва победа на светското ракометно првенство за репрезентацијата на Хрватска. Избраниците на Жељко Бабиќ забележаа победа против селекцијата на Саудиска Арабија.
Хратска не доминираше на овој натпревар, но сепак на крајот стигна до триумфот. Првиот погодок го постигнаа дури после четири минути игра, но потоа набрзина постигнаа два гола и поведоа на 5:1. Кога се очекуваше дека ќе се одлепат од противникот, Саудиска Арабија полека но сигурно ја топеше оваа негатива и во еден момент успева да поведе со 10:11. Сепак во последните две минути, Хрватска постигнува два гола и на полувреме заминува со предност од 12:11.
Сепак во вториот дел, Хрватска ги стави работите на свое место, почнаа подобра да играат и на десет минути пред крај имаа највисоки 20:14. До крајот ја одржуваа таа предност и на крајот славеа со резултат 28:23. Најефикасен во редовите на Хрватска беше играчот на Вардар. Лука Циндриќ беше прв стрелец со шест постигнати голови.