Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Јуниор лига: Момците на Илинден Вардар триумфираа во дуелот со РК Балтепе кај генер.2004/2005
Јуниор лига: Момците на Илинден Вардар триумфираа во дуелот со РК Балтепе кај генер.2004/2005

Јуниор лига: Момците на Илинден Вардар триумфираа во дуелот со РК Балтепе кај генер.2004/2005

Денес во салата “Кале“ се одигра првото пролетно коло во ракометната Вардар Јуниор лига. Во првиот дуел кај генерација 2004 и 2005 година  момците на Дарко Јанев, РК Илинден Вардар дојдоа до победа над ривалот од Тетово, тимот на РК Балтепе Вардар со 23-13( 13-9).

ff
Првиот дел почна со два погодока на илинденци кои се одлепија на 2-0 на почетокот. Во продолжение се играше гол за гол на двете страни, двата колектива постигнаа по идентичен број голови до 12.минута кога на семафорот стоеше 8-6 за илинденци. Следеа минути на моците на Јанев кои успеаа да се одлепат на “плус пет“ и со резултат 13-8 влегоа во последната минута првиот дел. Тетовчани до крајот на првите 20.минути погодија и го однесоа дуелот на одмор со резултат 13-9.

ff3

ff4
Вториот дел почна со по два гола во двете мрежи, илинденци и понатака беа на “плус четири“ во 6.минута од овој период на семафорот во “Кале“ стоеше 15-11. Екипата на Илинден Вардар со серија 5-1 најави триумф во продолжение, тие беа подобар противник и се одлепија на високи 20-12. Се до крајот беше рутина по оваа голема серија, тие победија на крајот со двоцифрена предност, 23-13. Кај победникот Стоименов Александар имаше 7 гола, кај тетовчани Марко Богдановски и Христијан Самоиловски имаа по 3 гола.