Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Има ли Вујо ,,рецепт” за Деан Бомбач?
Има ли Вујо ,,рецепт” за Деан Бомбач?

Има ли Вујо ,,рецепт” за Деан Бомбач?

Има ли Вујо ,,рецепт” за Деан Бомбач? Најдобриот играч на ПИК Сегед буквално не растури во Унгарија, а одбраната на Вардар немаше никакво решение како да го задржи овој играч. Можеби токму на овој дуел Вардар и Вујо го анализирале добро и ќе го задржат одличниот среден бек, во спротивно ,,црвено – црните” ќе бидат пред уште еден пораз.

Несомнено Деан Бомбач важи за еден од најинтелегентните играчи во Лигата на шампионите оваа сезона, но во Скопје, Вардар мора да го најде ,,рецептот” за него. Доколку повторно се разигра и биде главен асистент на тимот па дури и стрелец, тогаш редно време е вардарци да пробаат со така наречен ,,фластер” што не го испробаа во ниту еден момент на минатиот натпревар. Ајде, сега во тимот се враќа и најдобриот дефанзивец Тото, па можеби токму кај него е ,,клучот” за добра дефанзива.

Останува да видиме што и како ќе одиграат Вардар и ПИК Сегед вечерва во Скопје.