Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Информација за натпреварот со Висла
Информација за натпреварот со Висла

Информација за натпреварот со Висла

По повод возвратниот натпревар од 1/8 финалето во ЛШ против тимот на Висла Плоцк, од РК Вардар ги информираат сите оние симпатизери на клубот кои имаат сезонски билети, да го сторат следново:

Ги информираме нашите најверни навивачи дека ќе почне приоритетна продажба на билети за натпреварот против Висла Плок во осминафиналето во ЕХФ Лигата на шампионите, за сите сопственици на сезонски билети во досегашната групна фаза.

Приоритетната продажба на билетите ќе се одвива од 10 до 17 март само на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” со работно време од 10:00 до 18:00 часот.

Сите сопственици на сезонски билети ќе мора да ги прикажат своите билети за да можат да ги заменат со билети за натпреварот со Висла Плок.

Сите кои ќе ги заменат своите сезонски билети со билети за натпреварот против Висла Плок ќе го задржат правото истото да го направат и наредните фази од ова натпреварување, како и за наредната натпреварувачка сезона.

По продажбата на приоритетните билете регуларната продажба за овој натпревар ќе започне на 18 март. И за натпреварот со Висла Плок, Вардар ги задржа цените од претходната фаза, како и од минатогодишното осминафинале, исто така против Висла:

- Стоење 180 МКД
- Блок А1/Б1 – 300 МКД
- Зад гол 300 МКД
- Централни трибини – 400 МКД
- ВИП Зони – 600 МКД
- ВИП Соби – 1200 МКД